Почитувани матуранти,
Уважени пријатели на Универзитетот во Тетово,

Во декември минатата година, нашиот Универзитет ја прослави својата 25-годишнина од основањето. Во текот на изминатите две децении, благодарение на посветеноста и професионалната работа на наставниот кадар и благодарение на неуморен ангажман на нашите ценети студенти, Универзитетот во Тетово прерасна во институција со голем образовен кредибилитет. Со тринаесет факултети и 64 студиски програми, Универзитетот стана симбол на едукација и подготовка на студентите со академски степени и стана пример за универзитетските центар во регионот и пошироко.Токму затоа, нагласуваме без сомнение дека Универзитетот во Тетово чекорил успешно во постигнувањето на неопходните стандарди за дејноста и мисијата за кои се определи од неговото основање. Од година во година расте и зајакнува според напредните традиции на престижните европски универзитети.Актуелно, Универзитетот во Тетово, како консолидирана високообразовна институција, својата дејност ја врши во три циклуси на студии: додипломски студии, магистерски и докторски студии.Како раководители на универзитетот, постојано се залагавме за подобрување на инфраструктурата,за сеопфатни реформи, подобрување на квалитетот на академските услуги, подобрување на нивото на наставата и истражувањето, како и со директна и плодна комуникација со студентите и наставниот кадар. Како резултат на овој ангажман успеавме да ги исполниме нашите цели за повлекување на нови студенти, односно зголемување на бројот на оние кои се запишуваат во студиските програми кои ги нудиме на сите факултети.Ние континуирано се грижиме да им овозможуваме на студентите на одредени категории олеснувања или ослободување од плаќањата за студии, секогаш имајќи како приоритет екселентните студенти, за кои делиме студентски стипендии на секоја академска година.Од основањето до денес, за сите направени чекори и за сите случувања што се случија, Универзитетот во Тетово како најдобар сојузник го имаше нашиот народ. Ова ја мотивира грижата и посветеноста за непречено негување и зачувување на нашите природни односи, кои остануваат во функција на меѓусебна соработка, во сите околности. Покрај соработката на национално ниво, ние ја зајакнавме институционалната соработка со јавните и приватните универзитети од земјата, од Република Албанија и Република Косово, како и со престижни универзитети од регионот и од светот, со кои потпишавме посебни договори за соработка за заеднички работи поврзани со наставно-научниот процес.За овие и многу други работи кои не ги споменавме од објективни причини, Универзитетот во Тетово денес се смета за важен образовен центар и сериозна алтернатива на високото образование во Република Северна Македонија, кој гарантира квалитетни и признати студии и во странство, кои имаат можност да ги следат сите оние кои сакаат да студираат во оваа институција, во согласност со стандардите што ги бара Европскиот кредит трансфер систем и глобалниот пазар на трудот.Нашиот универзитет сега веќе чекори во третата деценија, одлучно, со јасна визија и во духот на преродбениците и дејците на образованието, просветителите на нашиот народ. Затоа, за сите вас кои ќе се запишат на еден од нашите факултети и студиски програми кои ги нуди нашиот Универзитет, ние се залагаме да работиме со посветеност за да ве подготвиме професионално и да ве прилагодиме за достоинствена конкуренција во националниот и меѓународниот пазар на трудот.

Ве очекуваме!

проф. д-р Куштрим Ахмети
2022-

проф. д-р Решат Ќахили
Декември 2021-Мај 2022

проф. д-р Вулнет Амети
2012-2022

проф. д-р Агрон Река
2009-2012

проф. д-р Сади Беџети
2006-2009

проф. д-р Неџбедин Беадини
2003-2006

проф. д-р Рамиз Абдyли
Јануари-Март 2003

проф. д-р Фадил Сулејмани
1995-2003

Историја на УT

Универзитетот во Тетово е отворен и достапен за сите оние кои како студенти, наставници или соработници, со своите интелектуални и морални квалитети, во амбиентот на универзитетска автономија како наод за академска слобода на индивидуално изразување и докажување на вештините и квалитетите придонесуваат во областа на образованието, науката и професионализмот.
Универзитетот во Тетово има кратка историја но долго минато.
Оваа институција е основана на 17 декември 1994 година како иницијатива на албанските интелектуалци, невладини организации и разни аполитички здруженија и сите ентузијасти од високото образование во земјата и пошироко.
Од оваа гледна точка, активноста, развојот на УT може да се подели на два периода:
Период: 1994-2003 е историското време на создавање на Универзитетот во Тетово
Период: 2004-2010 е период на институционалниот развој на Универзитетот и времето на академска и физичка модернизација.
Универзитетот од вонредната состојба, почна да се движи кон академски, концептуални и институционални реформи. Плод на оваа непрекината активност е новата физиономија на УT.
Затоа УТ се потврдува како реформирана, високообразовна институција како единствен јавен центар на албански јазик во Северна Македонија за специјализација и научно истражување. УT е член на Европската универзитетска асоцијација.
Денес УТ е структуриран на 13 факултети, 65 студиски програми, 115 студиски области и 3 научно-истражувачки институти.
Научно–истражувачки процес
Академскиот кадар се состои од 273 редовни професори и 355 вонредни професори ангажирани во одреден временски период, односно за една академска година, со цел на прогресивен раст.
Во однос на наставно-образовниот процес, Универзитетот им посветува посебно внимание на спроведувањето на Болоњските реформи и реформите во областа на стручното и научното истражување, иако оваа компонента сé уште е далеку од целите на УТ во споредба со развиените земји. Овие истражувања се спроведуваат преку заеднички проекти благодарение на Еразмус, ДААД, Темпус проекти и др. за истражување и развој. Потпирајќи се на европските стандарди, квалитетот на академските истражувања е во пораст.
Во однос на Болоњската Карта, УТ е во почетна фаза на неговиот развој, во фаза на имплементирање и прифаќање на Болоњскиот модел според шемата 3+2+3 или 4+1+3 (Bachelor+Master+PhD). Применувајќи го новиот европски систем на студии, УТ има цел во скоро време да биде интегрален дел на европските универзитети, студентите да придобиваат поквалитетно професионално формирање и нашите дипломи да се ближат со оние на развиените земји. Фактот дека дипломите добиени во УТ се компатибилни со дипломите на западните универзитети го докажуваат многубројните студенти кои по дипломирањето се вработуваат или нивните постдипломски студии ги продолжуваат во други универзитети надвор од земјата.
Следниот период ќе биде периодот кој ќе даде потекло на УТ:
– Универзитетски кампус (каде сите факултети ќе се концентрираат на едно место). Кампусот ќе се состои од: зграда за сместување на студенти, магистри, студенти на докторски студии, студенти на специјализација, визитинг професори и други гости, студентски дом, студентска менза, спортска сала, универзитетска библиотека, модерен компјутерски центар, изградба на лаборатории;
– Имплементација на систем за трансфер и акумулација на кредити – ЕКТС како систем за акумулација на кредити и како систем за трансфер на кредити;
-Императив за имплементација на ЕКТС ќе биде мобилноста на студентите со цел студентите да имаат можност да го продлабочат своето знаење на други универзитети кои се потписници на европската Mагна Карта;
– Интернационализација и интеграција на нашиот Универзитет во сите европски универзитетски форуми, односно во семејството на современите универзитети. Во овој контекст, соработката со универзитетите во регионот и пошироко се зголеми тројно;
– Зајакнување на научно-истражувачката работа и покрај академската, ќе даде поттик за димензионирање на академскиот процес што се одвива на универзитетот;
– Понудата и развојот на Е-учење – учење преку интернет, електронски аудио книги, ќе го зголеми квалитетот на учењето;
– Пуштање во употреба веќе обезбедени аудио-визуелни уреди, со цел да се спроведе методата на ”учење од далечина” со кој учениците од посебните училници ќе можат да посетуваат предавања од далечина;
– Завршување на академски капацитети и опремување на лаборатории со најсовремена опрема;
– Развој и имплементација на повеќе проекти во рамките на институтите кои претставуваат интегрална единица на Универзитетот, како што се Институтот за екологија и технологија, Институтот за албански јазик и култура ,,Јосиф Багери” итн;
– Интензивната поврзаност со европските образовни и истражувачки програми (ТЕМПУС, ДААД, УСАИД, СОРОС, НАТО, ЕУ, амбасади од различни земји) се приоритети подготвени во стратегијата на Универзитетот;
– Дисперзија на студиските програми во други градови, процес што ќе биде компактибилен со оние на средните училишта, со единствена цел студентите да бидат поблиску до учениците.
Нивото на работа и постигнување на досегашната работа нè тера да се гордееме, но исто така да бидеме заангажирани да преземеме активности кои ќе го ориентираат универзитетот кон современите академски институции. Ректоратот и академскиот кадар, пред сé имаат историска одговорност за создавање на нови системи на вредности, особено во образованието, науката и културата.
Целите на Универзитетот
Целта на Универзитетот да биде поблиску до студентите резултираше со решение студиските програми да се дисперзираат во некои градови во Република Северна Македонија. Бројот на студенти од година до година се зголемува и сега во УТ студираат околу 13000 студенти со активен статус на студии. Бројот на студенти од разни ентитети е во пораст, ако пред 3 години студирале неколку десетици студенти денеска студиите ги продолжуваат неколку стотици студенти од разни ентитети или поточно нивниот број е околу 10% од вкупниот број на студенти.
Целта на УТ е да биде Универзитет за сите граѓани на Република Северна Македонија затоа е отворен за сите студенти што сакаат да студираат, без национални и верски разлики. Во споредба со бројот на примени студенти во другите универзитети во земјава, бројот на новите студенти на УТ кажува раст од 30%. Ова може да е показател дека УТ се развива во точна насока и со сигурни чекори оди кон семејството на европските универзитети. Понудата на УТ за идните студенти е конкурентна и целосна. Ние нудиме студиски планови и програми за сите профили и евтини тарифи за студирање. Квалификуваниот академски кадар, соработката на УТ со други познати универзитети од регионот и светот и најзначајното, емоционалната врска што ја чувствуваат Албанците за овој универзитет. Жртвувањето и нивниот придонес го подигнаа овој универзитет до ова ниво како единствен државен универзитет со настава на албански јазик. Сето тоа е причина да се запишете на овој универзитет.

Претседател на Сенат | проф. д-р Вулнет Амети
в.д Ректор
| проф. д-р Куштрим Ахмети
Проректор за образование | проф. д-р Ибрахим Незири
Проректор за меѓународна соработка | проф. д-р Шефик Шеху
Проректор за наука | проф. д-р Агон Мемети
Проректор за финансии | проф. д-р Фатон Шабани
Генерален секретар | Адем Беадини
проф. д-р Фатбарда Исмаили
проф. д-р Сали Жаку
проф. д-р Шехерзада Мурати
проф. д-р Зеќирја Идризи
проф. д-р Лулзиме Камбери
проф. д-р Хyреме Гура
проф. д-р Ндерим Зеќири
проф. д-р Асан Идризи
проф. д-р Метин Изети
проф. м-р Бајрамали Идризи
проф. д-р Сади Беџети
проф. д-р Ќенан Ферати
проф. д-р Милазим Камбери
проф. д-р Флорим Идризи
проф. д-р Фламуре Ибраими Садику
проф. д-р Џабир Абдулаху
проф. д-р Мерије Елези
проф. д-р Хазир Положани
проф. д-р Елми Јусуфи
проф. д-р Насер Раими
проф. д-р Астрит Исени
доц. д-р Беса Догани
доц. д-р Арбреша Зенки Далипи
Елиеса Жаку
Беса Беџети
Арди Мемети

Ректор | проф. д-р Куштрим Ахмети
Проректор за образование | проф. д-р Ибрахим Незири
Проректор за меѓународна соработка | проф. д-р Шефик Шеху
Проректор за наука | проф. д-р Агон Мемети
Проректор за финансии | проф. д-р. Фатон Шабани
Генерален секретар | Адем Беадини
Декан на Филозофски факултет | проф. д-р Ибиш Кадриу
Декан на Педагошки факултет | проф. д-р Лулзим Мемеди
Декан на Филолошки факултет | проф. д-р Бертон Сулејмани
Декан на Правен факултет | проф. д-р Јусуф Зејнели
Декан на Економски факултет | проф. д-р Брикенд Азири
Декан на ПМФ | проф. д-р Алит Ибраими
Декан на Факултет за физичка култура | проф. д-р Шпреса Мемиши
Декан на Факултет за применети науки | проф. д-р Енис Јакупи
Декан на Факултет за уметности | проф. м-р Сенад Абдули
Декан на Факултет за медицински науки | проф. д-р Невзат Елези
Декан на Факултет за прехранбена технологија и исхрана | проф. д-р Џезаир Идризи
Декан на Факултет за бизнис администрација | проф. д-р Локман Ебиби
Декан на Факултет за земјоделство и биотехнологија | доц. д-р Бардил Лимани
Претседателка на студентскиот парламент | Елиеса Жаку

Музеј на Универзитетот во Тетово

Во село Порој, во близина на Тетово, постои музеј кој ја документира отрезнувачката историја на основањето на Универзитетот во Тетово во 1994 година.

Решени да се започне високото образование на албански јазик, членови на заедницата се собраа да го формираат овој универзитет во Тетово.
Членовите на заедницата сакаа да основаат еден универзитет во Тетово, каде што студентите би можеле да учат на албански јазик. Без поддршка од државата, заедницата се собра во импровизирани училници во куќите на луѓето. Овој напор беше исполнет со отпор. Сепак, како што можете да видите во весниците и изложбата во музејот, на една од фотографиите е евиндентирано дека селаните излегоа на улиците за да ги заштитат студентите, откако околу 300 војници беа испратени за да се справат со ситуацијата.

Всушност, основањето на музејот на Универзитетот во Тетово е еден од најзначајните моменти во текот на животниот век на оваа институција колку што претставува поврзувањето меѓу минатото и иднината.
Музејот на Универзитетот во Тетово е отворен во Blackwell History of Education Museum — Collage of Education во Универзитетот во Северен Илиноис, Чикаго, САД.

http://news.cedu.niu.edu/coe_news/cameras-eye-blackwell-photo-exhibition-to-tell-tale-of-tetova/

Не пропуштајте ја големата шанса да го посетите овој музеј!

 

ИТ центар

Рамазан Фетаи

E-mail: ramazan.fetai@unite.edu.mk

Центар за мир и транскултурална комуникација

Мр. Сц. Доника Камбери

E-mail: centerforpeace@unite.edu.mk | donika.kamberi@unite.edu.mk

Центар за студентски услуги и кариери

E-mail: careercenter@unite.edu.mk

Центар за странски јазици

проф. д-р Иса Спахиу

E-mail: isa.spahiu@unite.edu.mk

Генерален секретар

Адем Беадини

E-mail: adem.beadini@unite.edu.mk


Kанцеларија за образование
E-mail: zyraperarsim@unite.edu.mk

Kанцеларија за меѓународна соработка
Раководител: доц. д-р Хатибе Деари
E-mail: international@unite.edu.mk | hatibe.deari@unite.edu.mk

Kанцеларија за финансии и сметководство
Раководител: м-р Имберјах Таири
E-mail: imberjah.tairi@unite.edu.mk

Kанцеларија за правни работи
Раководител: м-р Флориан Несими
E-mail: florian.nesimi@unite.edu.mk

Канцеларија за информирање
Раководител: м-р Селам Сулејмани
E-mail: press@unite.edu.mk

Kанцеларија за управување со проекти
E-mail: projects@unite.edu.mk

Kанцеларија за научно истражување и иновации
E-mail: zshi@unite.edu.mk

Канцеларија за управување со квалитет и евалуација
Раководител: доц. д-р Шерузе Османи Балажи
E-mail: evaluation@unite.edu.mk

Универзитетски координатор за ЕКТС
Раководител: м-р Насер Рамадани
E-mail: naser.ramadani@unite.edu.mk

Канцеларија за докторски студии
Раководител: Валмиса Нови
E-mail: doktoratura@unite.edu.mk

Канцеларија за дипломи
Раководител: Емин Зејнели
E-mail: emin.zejneli@unite.edu.mk

Листа на универзитети со кои Универзитетот во Тетово потпиша договори за соработка

Северна Македонија

БР. УНИВЕРЗИТЕТ
1 Универзитет „Св. Климент Охридски“
2 Универзитет „Гоце Делчев“
3 Универзитет за информатички технологии и науки „Свети Апостол Павле“
4 Универзитет за туризам и менаџмент
5 Универзитетот ФОН
6 Универзитет на Југоисточна Европа
7 Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје

Албанија и Косово

БР. УНИВЕРЗИТЕТ
1 Универзитет во Тирана
2 Универзитет во Приштина
3 Yниверзитет „Александер Џувани“ во Елбасан
4 Универзитет „Александер Моисиу“
5 Универзитет „Фан С. Ноли“
6 Универзитет „Марин Барлети“
7 Универзитет „Еќрем Чабеј“
8 Универзитет „Луиѓ Гуракуќи“
9 Универзитет „Исмаил Ќемали“
10 Академија за физичка култура и спорт „Војо Куши“
11 Земјоделски Универзитет во Тирана
12 Европски Универзитет во Тирана
13 Универзитет ЕПОКА
14 БпрАЛ „УниМедика“ во Приштина
15 Колеџ Универзум  во Косово
16 Универзитет за медицина во Тирана
17 Колеџ за медицински науки „Резонанца“ во Приштина

Турција

БР. УНИВЕРЗИТЕТ
1 Универзитет во Истанбул
2 Универзитетот во Тракис
3 Универзитет во Сакарја
4 Универзитет Ондокуз Маyис“
5 Универзитет во Хакџепе
6 Универзитет „Целал Бајар“
7 Универзитет Коксаели
8 Универзитет во Билеџикут
9 Универзитет Мармара
10 Технички универзитет Јилдиз“
11 Универзитет Киклалели
12 Универзитет за трговија во Истанбул
13 Универзитет Улудаг
14 Универзитет Мехмет Акиф Ерсоy
15 Техничкиот универзитет во Бурса
16 Универзитет во Чанаккале
17 Универзитет Ататурк

Други

БР. УНИВЕРЗИТЕТ
1 Универзитет во Марибор, Словенија
2 Универзитет во Загреб, Хрватска
3 Универзитет во Риека, Хрватска
4 Универзитет во Љубљана, Словенија
5 Универзитет во Тузла, Босна и Херцеговина
6 Универзитет во Мостар, Босна и Херцеговина
7 Универзитет во Ниш, Србија
8 Универзитет во Сараево, Босна и Херцеговина
9 Универзитет Џемал Бидедич“, Босна и Херцеговина
10 Универзитет во Нови Пазар, Србија
11 Универзитет во Нови Сад, Србија
12 Универзитет во Бања Лука, Босна и Херцеговина
13 Универзитет во Зеница, Босна и Херцеговина
14 Универзитет во Задар, Хрватска
15 Универзитет во Травник, Босна и Херцеговина
16 Економски факултет во Суботица, Србија
17 Сити колеџ“ градски универзитет во Њујорк
18 Универзитетот во Мурсија, Шпанија
19 Компостела Богословскиот институт – Понтификален универзитет во Саламанка, Шпанија
20 Источен Медитерански универзитет во Северен Кипар
21 Среден источен технички универзитет, кампус во Северен Кипар
22 Универзитет Св. Кирил и Методиј“ во Велоко Трново, Бугарија
23 Универзитет за технологија за храна во Пловдив, Бугарија
24 Универзитет за применети науки во Џамк, Финска
25 Универзитет во Калабрија, Италија
26 Алма Матер Европа-Европски центар во Марибор, Словенија
27 Универзитет за медицина во Грац, Австрија
28 Универзитет Алдо Мур во Бари, Италија
29 Универзитет во Северен Илиноис, САД
30 CASS Европски институт за менаџмент студии во Париз, Франција
31 Д-р Вишванат Карад МИТ Светски универзитет за мир МИТ-ВПУ, Индија